Forton

Во Маврово почна продажба на станови од само 600 евра по метар квадратен!

Во Маврово почна продажба на станови од само 600 евра по метар квадратен!

Со само 600 евра по метар квадратен започна продажбата на станови во Станбениот комплекс Маврово на АД Пелагонија Гостивар. На располагање се 105 апартмани кои ќе бидат вселиви од декември 2016 година.
Комплексот е сместен само на 150 метри од ски-лифтовите со поглед на Мавровско езеро.

„Целиот комплекс, со сите негови внатрешни и надворешни содржини е направен според најсовремени стандарди и трендови за домување. Се водевме од анализата на пазарот која ни покажа дека ваков тип на објект недостасува на планините. Наместо да изградиме уште еден хотел, направивме комплекс на станови каде секој може да стане сопственик на стан во Маврово. Придржувајќи се кон принципот на комплетна услуга и работејќи по методот на дизајн, изведба и уредување до „клуч на врата”, идните сопственици на овие станови ќе добијат целосно опремен дом со сите неопходни елементи и содржини, освен финалното опремување на домот со мебел“ – изјави Александар Смилковски, член на управниот одбор на Пелагонија Гостивар, инвеститор во станбениот комплекс.

Смилковски смета дека на овој начин Маврово ќе биде одлична дестинација низ целата година за оние кои го сакаат планинскиот туризам.

„Со само 15% учество секој може да направи резервација на становите кои се со големина од 30-50 метри квадратни. Квалитетот на становите е на високо ниво, опремени се со ламинатен паркет Кронотекс, произведен во Германија, керамички плочки со врвен квалитет увезени од Шпанија. Во секој апартман како и во заедничките простории се поставени термоизолациони стакла. Целиот објект е енергетски ефикасен и располага со сопствена трафостаница“, изјави Влатко Богоевски од Фортон, агенцијата за недвижнини одговорна за продажба на становите.

Единствената местоположба, за идните сопственици на становите овозможува да можат да уживаат во прекрасното откривање на планината и нејзината раскошна убавина во секое време од годината.