Forton

ФОРТОН Македонија го проширува својот тим!

ФОРТОН Македонија го проширува својот тим!

 

Опис на работна позиција

Позиција: Консултант за пазарни истражувања

 

 

ФОРТОН е консултантска компанија за комерцијален недвижен имот, филијала на најголемата компанија за недвижности во Бугарија, AG Capital и член на Cushman & Wakefield Alliance во Македонија, Бугарија и Србија. Стратешкото партнерство на ФОРТОН Македонија со Cushman & Wakefield, најголемата приватна консултантска компанија за недвижности, овозможува успешна комбинација на локалното познавање и искуство, со меѓународните практики.

 

За потребите на секојдневното-оперативно работење и зголемен интензитет на активности, ФОРТОН Македонија отвара нова работна позиција Консултант за пазарни истражувања со доленаведените спецификации.

 

 

Базични информации:

  • Образование: Економски Факултет  
  • Времетраење на договорот: 6 месеци (со можност за продолжување)
  • Официјален старт на работната позиција: 1ви август, 2016г.
  • Работно време: 8 часа (Понеделник-петок)

 

Потребни квалификации, поврзани со активностите на позицијата:

  • Одлично познавање на работа со компјутери и MS Office пакетот (Word, Excel, Outlook, Power Point и др.)
  • Задолжително познавање на англиски јазик
  • Организациски и аналитички способности при креирање на извештаи
  • Извршување на административни активности (data entry)
  • Изработка на дневни, неделни и месечни извештаи
  • Асистирање при изработка на студии и пазарни истражувања
  • Анализа, сортирање и процесирање на информации од доменот на недвижности

 

 

Личен профил:

  • Креативна, талентирана и мотивирана личност
  • Експедитивност, трудољубивост, точност, работа со рокови
  • Одлични комуникациски и презентациски способности
  • Иницијативност, темелност, енергичност и позитивен став
  • Способност за работа индивидуално и работа во тим
  • Флексибилност и адаптибилност

 

Потребна документација за аплицирање:

  • Ваша професионална биографија (CV на македонски и англиски јазик)
  • Мотивационо писмо (1 страна на македонски и англиски јазик)
  • Пропратни документи, за информациите наведени во биографијата (сертификати, дипломи и др.)

 

Финален временски рок за поднесување на апликацијата:

  • Датум: 5ти јули, 2016г (вторник, 23:59ч)
  • Целосниот апликационен пакет да се достави на следната e-mail адреса: s.mladenovski@forton.mk

 

 

Напомена:

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани. Сите непотполни апликации нема да бидат земени предвид при процесот на контактирање.

 

 

Лице за контакт:

Стефан Младеновски

Консултант за истражување и проценка

Департман Капитални пазари и консалтинг

s.mladenovski@forton.mk

+389 78 360 098