Forton

Практикантска програма - Координатор за маркетинг-активности на проект

Практикантска програма - Координатор за маркетинг-активности на проект

Опис на практикантска позиција

Позиција: Координатор за маркетинг-активности на проект

 

ФОРТОН е консултантска компанија за комерцијален недвижен имот, филијала на најголемата компанија за недвижности во Бугарија, AG Capital и член на Cushman & Wakefield Alliance во Македонија, Бугарија и Србија. Стратешкото партнерство на ФОРТОН Македонија со Cushman & Wakefield, најголемата приватна консултантска компанија за недвижности, овозможува успешна комбинација на локалното познавање и искуство, со меѓународните практики.

 

За потребите на секојдневно-оперативно работење и активности поврзани со екстерен проект, ФОРТОН отвара практикантска позиција Координатор за маркетинг-активности на проект, со можност за вработување, со доленаведените спецификации.

 

Базични информации:

  • Профил: Економист
  • Образование: Економски Факултет
  • Департман: е-бизнис или маркетинг (3та или 4та година ; веќе дипломирани)
  • Времетраење на праксата: 1-3 месеци (Старт: 01.04.2016г)
  • Работно време: 6-8 часа
  • Финансиски (месечен) надомест: 4000,00 МКД

 

Потребни квалификации, поврзани со активностите на позицијата:

  • Познавање на работа со компјутери и MS Office пакетот
  • Квалитетни способности поврзани со брзо пишување и креирање на содржина
  • Задолжително познавање на англиски јазик
  • Развивање, менаџирање, изведба и оптимизирање на кампањи за промоција на социјални медиуми
  • Креирање на неделни комуникациски планови, дигитална содржина и менаџирање на сите соодветни активности
  • Одлично познавање на Facebook, Twitter, Instagram и Pinterest
  • Базично познавање на Adobe Photoshop или Ilustrator
  • Мерење на резултати, нивна интерпретација и анализа за извештаи кон претпоставени
  • Познавање на дигиталниот маркетинг

 

Личен профил:

  • Креативна, талентирана и мотивирана личност
  • Трудољубивост, точност, работа со рокови
  • Одлични комуникациски и презентациски способности
  • Иницијативност, темелност, енергичност и позитивен став
  • Способност за работа индивидуално и работа во тим
  • Флексибилност и адаптибилност

 

Потребна документација за аплицирање:

  • Ваша професионална биографија (CV)
  • Мотивационо писмо (1 страна на македонски јазик)
  • Пропратни документи, за информациите наведени во биографијата (сертификати, дипломи и др.)

 

Финален временски рок за поднесување на апликацијата:

  • Датум: 21ви март, 2016г (понеделник, 15.00ч)  
  • Целосниот апликационен пакет да се достави на следната e-mail адреса: s.mladenovski@forton.mk

 

Напомена:

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани. Сите апликации кои се непотполни, нема да бидат земени предвид при процесот на контактирање.

 

Лице за контакт:

Стефан Младеновски

Консултант за истражување и проценка

s.mladenovski@forton.mk